fbpx

Талески: ВМРО-ДПМНЕ земаат од граѓаните, зголемуваат сметки и давачки, а СДСМ ги враќа парите назад кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во изминатиот период Владата предводена од СДСМ и Коалицијата преку ресорните министерства и државните органи покажа што значи вистинска и неселективна поддршка за сите плански региони и сите општини во нашата држава. Финансирањето на проектите се базираше исклучиво врз основа на потребите и интересите на граѓаните, а не тоа на која политичка партија припаѓаат градоначалниците или кој го има мнозинството во советите на општините, нагласи од собраниската говорница пратеникот на СДСМ Миле Талески.

Тој истакна дека примери за таков искрен и чесен пристап има премногу.

За тоа колку е важна соработката меѓу централната и локалната власт, односно меѓу Министерството за локална самоуправа и општините можат да потврдат граѓаните на Прилеп, рече Талески.

Како поважни реализирани проекти со средства од централната власт во Прилеп, Талески ги наведе изградбата на клучката ТИРЗ во Прилеп, во вредност од околу 6 милиони евра, изградба на ИКТ проектот кај прилепската касарна, кој има стратешко значење за државата, каде се чуваат податоците за сите граѓани, во вредност од 11 милиони, реконструкција на патот кој води до Прилепското езеро, спортско рекреативен комплекс со бројни содржини, се реконструира патот за Мариово, прв пат откако е изграден, асфалтирање на патот со манастирот Св.Никола во Прилепец, како регионалниот пат Прилеп – Тополчани – Битола во должина од 15,5 километри.

Поддршката од централната власт не изостанува ниту сега, кога градоначалникот е од ВМРО-ДПМНЕ, но имаме тотално неспособен градоначалник на општина Прилеп, кој за една година, единствено нешто што го направи е тоа што се сликаше со противпожарното возило што го доби како донација од владата, рече Талески.

Тој нагласи дека градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ како свој сопствен го присвои, проектот за водоснабдување на Прилеп, обезбеден од Владата на СДСМ, со средства од ТАВ програмата.

Таму на промоцијата на проектот за водоснабдување го однесе шпицниот градоначалник се сликаа со проектот на Владата, дури го излажа Мицкоски дека тоа е негов проект, нагласи Талески.

Пратеникот Талески истакна дека градоначалникот на Прилеп треба да им одговори на граѓаните зошто не се реализирани проектитр, за кои Владата на СДСМ обезбеди средства, за улица во Прилеп, водоснабдување на Трескавец, урбанизација на 30 населени места во општина Прлеп зошто не е пуштена во употреба новата детска градинка во населбата Точила, една од најмодерните и најубавите во државата.

Благодарние на неспособноста не се завршуваат и пуштаат во употреба ниту завршените проекти на СДСМ, а камоли да се започнат нови. Така е со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во целата државата, тотална катастрофа, фијаско од невидени размери, од илјадниците кои ги ветуваа немаат започнато ниеден, нагласи Талески.

Тој истакна дека Мицкоски и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за само една година создадоа хаос, нефункционани јавни претпријатија, поскапи услуги за граѓаните, нема инвестиции, нема развој нема поддршка на спортот, кај што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ има само кавги за тендери, рацете во медот, расправии за влијанија и ништо друго.

Тоа е резултатот на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, за разлика од нив Владата на СДСМ успешно менаџира со кризата, ги покачи пензиите, во време на криза обезбеди два пакети мерки за помош од 750.000 милиони евра, што претставува 5 отсто од БДП и е најголема помош меѓу државите од регионот. ВМРО-ДПМНЕ земаат од граѓаните, зголемуваат сметки и давачки, а СДСМ ги враќа парите назад кај граѓаните, порача пратеникот на СДСМ Миле Талески.

Последни вести