Соопштение за јавност
СДСМ помина низ еден процес навнатрешна реорганизација, низ кадровско освежување и консолидација на партијата, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за вестите на Канал 5 Телевизија.
Имаме многу активности и работа во државата, пред се мислам на учеството на владата како носење на пакети антикризни мерки, нови инвестиции во делот на енергетската независнот, потоа нови политики во делот на субвенционирањето, нови земјоделски политики и сега сме во фаза каде што сето тоа го споделуваме со членовите на партијата, со симпатизерите и со граѓаните и затоа организираме трибини низ државата.
Јас веќе бев во Битола, утре сум во Прилеп, задутре сум во Крива Паланка, потпретседателите, секретарите на партијата исто така се на трибини во другите градови, Генералниот секретар на партијата и организациониот секретар одат во сите општински организации со цел организационо поставување на партијата бидејќи СДСМ е голема партија, најголема партија во државата“ порача Ковачевски.
На прашање за можноста за предвремени парламентарни избори, Ковачевски посочи дека парламентарните избори ќе бидат во редовен термин во 2024 година.