fbpx

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ го лажеше народот, македонскиот јазик во ЕУ е заштитен, Фронтекс е најсилна потврда

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпишувањето на Договорот за Фронтекс на чист македонски јазик, без додавки, без фусноти и објаснувања е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ го лажеше народот, македонскиот јазик и идентитет во ЕУ за заштитени порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју во вестите на Канал 5 Телевизија.

-Вчера беше голем ден, не само за мене туку тоа е голем ден за македонските граѓани, пред се за Македонците. Бидејќи вчера за прв пат нашата држава потпиша договор со ЕУ на чист македонски јазик, без никакви фусноти, без никакви ѕвездички, без никакви појаснувања и без никакви други формулации. Ова е за прв пат да имаме договор кој што е одобрен од сите 27 членки. Каде што сме ставиле потпис на договор на кој што стојат имињата и јазиците на сите 27 земји членки на ЕУ. Со ова паднаа во вода сите лаги, сите манипуалции на ВМРО-ДПМНЕ, кои што во текот намесец јули беа кажувани во текот на гласањето за европскиот предлог во однос на отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Паднаа лагите на сите оние кои што молотови коктели, кои со викање протестираа пред Собранието, пред Владата., рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Ковачевски додаде дека со потпишувањето на Договорот со ЕУ за Фронтекс на македонски јазик значи реализирање на насоките од Собранието и заклучоците кои мнозинството пратеници го усвоија а ВМРО-ДПМНЕ го попречуваше и го блокираше.

-Паднаа лагите на сите оние кои што вувузели внатре во Собранието го попречуваа донесувањето на заклучоците кои што ги донесе собранието. Еден од заклучоците кои што ги донесе Собранието е тоа да се обврзува Владата при потпишувањето Фротекс македонскиот јазик да биде без никакви додавки, да биде без никакви фусноти, туку да биде чист македонски јазик на кој што ќе биде потпишан договорот. И тоа вчера се случи, најдобрата потврда дојде со потпишувањето тука во Скопје од стра на европкомесарот Јохансон, тука беше и претседателката на ЕК, госпоѓа Фон дер Лејен која што на македонски јазик потоа се обрати во јавноста преку својот Твитер профил и го честиташе потпишувањето на овој договор., рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во денешното интервју на Канал 5 телевизија.

Последни вести