Соопштение за јавност
Со месеци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја лажеа јавноста, тврдеа дека македонскиот јазик немало да постои, дека ќе бил дијалект на бугарскиот јазик, за вчера да видиме како тие лаги се демантирани преку потпишување на Договорот за Фронтекс, потпишан на македонски јазик, со листа формулација без фусноти, порача пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во емисијата Клик Плус на ТВ21.
– Договорот со Фронтекс е потпишан на македонски јазик, тој македонски јазик е признаен од целиот свет, паралелки на македонски јазик се отвораат во Грција, во Италија во други земји низ Европа. Пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ која воопшто и не сака да признае дека државата ги започна преговорите со ЕУ, порача Коциќ.
Одговарајќи на прашања околу анкетните листови на државните функционери, Коциќ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за нелегално стекнати имоти, затоа што таа е партија чие седиште е стекнато на криминален, нелегален начин и дека тоа е потврдено со судска пресуда.