Собранието на Република Северна Македонија со 63 гласа го изгласа предлогот Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа.
Со денешното гласање, издиша уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за наводно ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Со месеци Мицкоски ги лаже граѓаните, го лаже членството дека само што не направил ново мнозинство и не формирал нова Влада. Во реалноста нема и нема да има ништо од тоа.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е стабилно, посветено на работа во интерес на граѓаните и носење на потребните законски решенија важни за преговарачкиот процес со ЕУ и за напредокот на државата.