Државата и граѓаните останаа без 100 милиони евра од ЕБОР во време на криза, поради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Европската банка за обнова и развој го сопре заемот што требаше да го земе Македонија за справување со енергетската криза во вредност од 100 милиони евра.
Причина за сопирањето е блокирање на законот за таа намена од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Сега ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека им ги вратат парите на граѓаните.
Како ниедна опозиција во светот, како ниеден политичар во светот ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наместо да помогнат тие дополнително ја отежнуваат состојбата во време на светска економска и енергетска криза.
За разлика од таквиот деструктивен однос, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски обезбеди 80 милиони евра од ЕУ за директна поддршка за справување со енергетската криза.
Очигледна е разликата помеѓу одговорниот државнички пристап на Ковачевски и деструкциите и неодговорното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои по секоја цена дејствуваат на штета на државата и граѓаните.