Една година беше доволна ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка од Скопје да направат заробен град со нефункционална градска администрација и неефиктивен Совет.
Советот и градоначалничката немаат никаква комуникација, седниците се претворени во театар, а Арсовска воопшто не одговара на прашања на советниците.
Истовремено, поради лични и бизнис интереси на поединци, градските јавни претрпијатија се пред колапс а тоа е најизразено во ЈСП и ЈП „Водовод и канализација“.
Наместо работа, реализација на проекти и решенија, граѓаните цела година гледаат безидејност, партизација и кавги за тендери и провизии меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.
Во меѓувреме десетици започнати и наследени проекти стојат недовршени, како што се мостот на Љубљанска за кој се обебзедени средства од ТАВ програмата, реконструкцијата на Универзална сала за чија реализација 80 милиони денари обезбедени од Владата стојат нечепнати.
Градската власт предводена од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната власт што го водела Град Скопје.