fbpx

Мицкоски да не се крие туку да одговори за средбите со лицата на снимката и со авторот на текстовите од италијанскиот медиум?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Објавените видео снимки и материјалите поврзани со случајот „Рекет“ се обид да се загрози истрагата и да се саботира доказната постапка, а сите шеми и правци водат кон белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот вистински шеф Никола Груевски.

Наместо Христијан Мицкоски да се крие да се загози евроинтеграцијата а тајкуните на режимот да се престават како жртви, треба да одговори на прашањата што му се јавно поставени:

 

  • ·Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на видео снимката се има сретнато Мицкоски?
  • ·Дали и што примил на рака?
  • ·Дали со авторот на текстовите кои излегуваат во италијанскиот медиум Мицкоски се сретнал во Будимпешта?
  • ·Дали му дал нешто на авторот на текстот и што е тоа?

Секој што се надевал дека со ваков конструиран случај, со објава на видео материјали ќе се компромитираат доказите и ќе се спаси од вина пред судовите се излажал.

Снимката е причина плус да се забрза истрагата и да ги даде одговорите за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај.

Сите детали истрагата мора да ги открие и секој, од прв до последен да одговара.

Тоа важи и за сите отворени предмети и истраги, вклучително и истрагата за предметот „Дизајн“ поврзан со набавка на автобуси, каде еден од осомничените е токму генералнниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Последни вести