fbpx

Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во ЈП „Водовод и канализација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Отпуштањето на претседателот на синдикалната организација на ЈП „Водовод и канализација“ Стојанче Кашиковски е незаконско и спротивно на Колективниот договор.

И според Законот и според Колективниот договор никој не смее да отпушта претседател на сидникална организација.

Дополнително, ова е силен облик на притисок имајќи предвид дека вработените во ова јавно претпријатие се подготвуваат за штрајк, поради кршење на работничките права.

ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска го вратија Град Скопје во најцрните денови од режимот, каде директори на јавни претпријатија незаконски отпуштаат вработени и предизвикуваат колапс во работењето.

Сите надлежни институции да се вклучат во расчистување на незаконскиот отказ на претседателот на синдикалната организација во „Водовод и канализација“.

Последни вести