fbpx

Тим на СДСМ на маалска средба во Пробиштип: Остануваме со граѓаните и ги следиме нивните потреби

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на ЦО на СДСМ, Пеце Мирчевски придружуван од градоначалникот на општина Пробиштип и претседател на ОО Пробиштип Драган Анастасов и директорот на  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Никола Бабоски остварија маалска средба со граѓаните на Пробиштип.
 
Во своето обраќање, Мирчески истакна дека последните случувања покажале дека се гради правна држава што функционира, а законите важат за сите подеднакво.
 
 – За само 2 години државата успеа да изгради независни институции, успеавме да создадеме систем што се бори против корупцијата и криминалот. Последните случувања и актуелниот случај покренат од обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција. – истакна Мирчевски. 
 
Бабовски се осврна на мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните.
 
– Пред две години наследивме огромни долгови и неисплатени средства на граѓаните и тоа околу 4.5 милјарди. денари долг што не го исплатила минатата власт, посочи Бабовски, додавајќи дека многу е важна искористеноста на ИПАРД фондовите, затоа што со секое неискористување на овие средства од Европските фондови сумата одвоена за нив ќе биде намалена. Успеавме да постигнеме голема искористеност со што претендираме да бидеме први во регионот.-дополни  Бабовски. 
 
Мерките млад земјоделец, мерката зелена нафта со којашто 200 милиони денари се враќаат назад кај 55 илјади земјоделци, повратот на ДДВ, повратот на персоналниот данок за земјоделците, зголемените и навремени субвенции се дел од мерките со кои се потврдува вистинската грижа за земјоделците, истакна Бабовски.
 
Маалските средби продолжуваат. СДСМ останува да биде на страната на интересите на граѓаните и државата. 

Последни вести