fbpx

Тимовите на СДСМ со граѓаните на Ресен: Зборот важи, зелена нафта нова мерка за помош на 55 илјади земјоделци

Facebook
Twitter
LinkedIn
Маалска средба со граѓаните на Царев Двор, Ресен
 
Грижата за граѓаните продолжува, а потврда за тоа се мерките со кои враќаме пари назад кај граѓаните и обезбедуваме подобри услови за живот.
 
Дека го слушаме гласот на граѓаните потврда се работните активности на СДСМ во рамки на летото и средбите со граѓаните на терен.
 
На денешната маалска средба со граѓаните од Ресен присуствуваа градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, претседателот на ОО Ресен, Атанас Табаковски, директорот на агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  Николче Бабовски, дирeкторот на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион Гого Видимче и пратеничката Бети Рабаџиевска Наумовска. 
 
Овие средби се со цел токму да се слушне гласот на граѓаните и нивните потреби и предизвици со кои се соочуваат. 
 
Дека зборот важи потврда  се мерките кои досега се реализирани како: зелена нафта, повртат на ДДВ, поврат на персонален данок за земјоделците, големата искористеност на ИПАРД фондовите, зголемените субвенции, но и многу други. 
 
На средбата беше истакнато дека за овие две години од кога е СДСМ се води вистинска грижа за граѓаните, за земјоделците.
 
Сите производители на идустриско јаболко што имаат поднесено потврда за дополнителни директни плаќања за интервертната субвенција од 3 денари килограм ќе им бидат исплатени парите. 
 
Покрај активните мерки, се работи и на финансирање на  проекти за рамномерен регионален развој, а при крај е и реконструкцијата на пазарот во Ресен. 
 
Со цел побрзо и поефикасно проценување на штети од невреме  беше најавена и промена на методологијата за проценување на штети во најскоро време.
 
Остануваме посветени на потребите на граѓаните, за подобри услови и подобар животен стандард на сите.

 

Последни вести