fbpx

Редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите: 196 милиони евра назад кај фирмите во првата половина од годината

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Над 196 милиони евра се вратени кај фирмите од страна на државата со редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите во првата половина на оваа година.

Она што е дополнително важно е податокот дека повратот на парите од ДДВ назад кон фирмите е поголем за 20 отсто во однос на истиот период лани. Тоа се 2 милијарди денари повеќе пари за фимите.

Во споредба со 2016 година, односно за времето на ВМРО-ДПМНЕ, разликата е огромна, дури 70% повеќе.

Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ само грабаше од граѓаните, од фирмите. СДСМ враќа пари назад кон граѓаните, кон фирмите.

Редовниот и неселективен поврат на ДДВ ја подобрува ликвидноста на фирмите.

Позитивните тенденции во стопанството, во економијата се гледаат и преку засилената активност на фирмите.

Зборот важи!

Скопје, 14.07.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести