fbpx

ВМРО-ДПМНЕ лаже на централно и на локално ниво, не е точно дека ќе се гради зграда во паркот во Ѓорче Петров

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Синдромот на ширење лажни вести и измислици, освен на централно, го зафати ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво.

Не е точно дека во паркот во Ѓорче Петров ќе се гради зграда како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Вистината е дека на локацијата за која лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ веќе се започнати градежни работи за изградба на корзото во Ѓорче Петров, проект најавен и во програмата на градоначалникот Александар Наумоски.

Како што соопшти и Општина Ѓорче Петров, на локација од околу 6.500 квадратни метри започнува изградбата на корзото, со што Ѓорче Петров ќе добие вистинско градско јадро уредено со плочник, амфитеатар, кафетерии, киосци и придружна урбана опрема.

На тој начин не само што нема да се уништува зеленилото како што лаже ВМРО-ДПМНЕ, туку и дополнително ќе се унапреди и заштити.

ВМРО-ДПМНЕ 12 години ја предводеше локална власт во Ѓорче Петров и не само што не направи ништо добро за граѓаните, туку зад себе остави долгови и урнисана, заборавена општина.

Денес како опозиција ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што Ѓорче Петров е отворена општина која работи во интерес на граѓаните. Покрај започната изградба на корзото, во моментов се реализираат низа клучни мерки од програмата како што е кружниот тек во Волково, поставување колектор за атмосферска канализација во Дексион, проширување на паркинзи, реновирање градински и реконструкција на неколку улици истовремено.

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Наумоски остануваат посветени на реализација на проектите кои се во интерес на граѓаните и ја развиваат Општина Ѓорче Петров како модерна, отворена општина.

Последни вести