fbpx

Провери ли Мицкоски утрово кој е ставот на Апасиев за силната поддршка од Германија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер во неговата посета ја реафирмираше поддршката на Сојузна Република Германија на нашиот евроинтегративен процес.

Штајнмајер потсети дека одлучноста за спроведување на реформите е клучна за да се зачува демократијата и европските вредности и порача дека нашата држава не смее да скршне од патот кон ЕУ.

Претседателот на Германија потсети и на историската одговорност што сите пратеници ја имаат со усвојување на уставните измени за реализација на децениската стртатешка цел – членство во ЕУ.

Северна Македонија има силен поддржувач на евроинтегративниот пат во Германија а посетата на Штајмајер е последната потврда за тоа.

Но од друга страна, Христијан Мицкоски молчи и не коментира ништо за јасните пораки на нашиот стратешки партнер.

Дали Мицкоски утрово провери кој е ставот на Апасиев за силната поддршка од Германија, за да може денеска да излезе со став во јавноста?

Како и често пати досега, очигледно Мицкоски прво ќе провери кој е ставот на Апасиев чиј заложник е, за потоа да даде наредба во Белиот дворец како партијата ќе комуницира.

Мицкоски е слаб, без став, неодлучен и затоа стана заложник на Левица и Апасиев, затоа идеолошки ја обезличува неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести