fbpx

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ бараат средства за изградба на веќе изградено училиште во Аеродром, има пилот во авионот на ВМРО-ДПМНЕ?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Се наоѓаме пред основното училиште ,,Димитар Македонски” во населба Лисиче од каде прашуваме:

Дали има пилот во авионот на ВМРО-ДПМНЕ? Дури 14 пратеници од оваа партија се потпишале на амандман за Буџетот за 2023 година во кој бараат средства за изградба на веќе изградено училиште во Општина Аеродром.
Основното училиште Димитар Македонски, за чија изградба пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат 92,4 милиони денари, е изградено пред една година со средства од Влада предводена од СДСМ.

Ова зад мене е училиштето кое е резултат на заложбата на Владата предводена од СДСМ и  градоначалникот Златко Марин.

Господа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, знае ли потпретседателот на вашата партија Тимчо Муцунски, дека  барате средства за изградба на училиштето кое тој свечено го пушти во употреба на 1 февруари оваа година?

Ова е уште една потврда за несериозниот однос кон граѓаните кој ВМРО-ДПМНЕ го практикува како опозиција во Собранието на Република Северна Македонија.

Ова е уште еден доказ дека наместо да предлага амандмани со кои ќе излезат во пресрет на актуелните потреби на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ предлага изградба на училишта онаму каде што веќе една година  учат ученици во новоизграден објект.

Ова значи дека ниту еден од овие 14 потпишани пратеници не се обидел барем да го искомуницира Муцунски, а камо ли да излезе меѓу граѓаните на Аеродром и да праша за нивните актуелни потреби.

Наместо конструктивна опозиција која треба да ја игра улогата на коректив на јавните политики на власта, ВМРО-ДПМНЕ веќе 5 години игра деструктивна улога на партија која е активен блокатор на прогресот во државата.

Нивните кадровски и програмски импровизации најдобро ги почувствуваа граѓаните на Скопје кои веќе година дена живеат во заробен град, додека Христијан Мицкоски и Данела Арсовска јавно се расправаат чии раце треба „да брцаат во медот“.

Им порачуваме на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сериозно да си ја сфатат улогата на опозиција во Собранието, а уште посериозно улогата на власт во општините со кои раководат.

Ваквиот неодговорен однос не проаѓа кај нашите сограѓани. Ваквата купи-ден-помини политика на ВМРО-ДПМНЕ е одамна прочитана.

Последни вести