Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Два дена Христијан Мицкоски се крие, молчи и не одговара на јавно поставени прашања.
Со кого се среќавал Мицкоски од домашната и надворешната политичка сцена и барал власт и ветувал дека ќе го сменел Уставот?
Кој е вистинскиот став на Мицкоски за уставните промени? Оној кој го кажува во јавноста или оној кој го кажува на средбите со домашни и странски политичари?
Мицкоски кој е во заложништво на Димитар Апасиев да не се крие зад неговиот извршител Драган Ковачки туку да излезе во јавноста и да одговори на поставените прашања.
Познато е лицемерието на Мицкоски за државните и националните интереси кога во јавност зборува едно, а зад затворени врати сосема друго.
Ништо не може да го сокрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под заложништво на Апасиев и Левица и затоа тие стануваат се порадикални во деструктивното дејствување.
Мицкоски е слаб, исплашен и очаен, затоа се што прави, прави за да не заостане зад Апасиев.