Соопштение за јавност
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, денеска ги продолжува интензивните теренски активности во општините ширум републиката.
На состанок со членови и симпатизери на СДСМ во Новаци, генералниот секретар порача дека улогата на СДСМ е клучна за крерање на новите државни доктирини за иднината на земјата.
-Принципите на државотворност и национална одговорност врз коишто опстојуваат македонските социјалдемократи во исклучителните историски моменти, секогаш ја имале клучната улога во носењето исправни одлуки. Ние сме современиците на тие мигови. И сега македонската нација и македонската држава се исправени пред предизвиците како историски крстопат, како и многу пати до сега во своето минато. Во овие немирни времиња дојде уште повеќе до израз оваа улога на СДСМ и стана уште позначајна. Прво поради потребата од силен социјалдемократски економски одговор за справувањето со предизвиците – како глобалната енергетската и економската криза. Второ поради интеграцијата како политички модел за целосна заштита на македонскиот национален идентитет. Ние, како партија, мора да бидеме креаторите на новите македонски доктрини, на новиот македонизам, на државниот патриотизам. Toa e нашата клучна улога, рече Зечевиќ.