Соопштение за јавност
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат пад на невработеноста која во првиот квартал од 2019 година изнесува 17,8 отсто.
Ова е историски најниска стапка на невработеност.
Успешните економски политики, активните мерки за вработувања и конкурентната економија, даваат позитивни резултати врз намалувањето на невработенста.
За помалку од две години, стапката на невработеност е намалена за 4,8 отсто, а во истиот период отворени се над 49.500 нови работни места.
Извесното членство во НАТО и напредокот во интеграцијата кон ЕУ дополнително ќе го засили ваквиот позитивен тренд на намалување на невработеноста.
Реални, официјални податоци ја потврдуваат успешноста на економските политки на Владата предводена од СДСМ.
Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација на мерките што носат економски раст и развој, нови работни места и повеќе пари во секое семејство.
Грижата за граѓаните продоложува, зборот важи!
Скопје, 09.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА