fbpx

Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ во Скопје да го реши проблемот со превозот, што го создаде

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани,

За само една година локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје создаде хаос, заглавен и нефункционален град, без соодветен јавен превоз, со јавни претпријатија кои едвај работат.

Сите ја паметиме вечерта од прославата на победата на Данела пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, со зурли и тапани.

Таа во бел капут, Мицкоски во џемперче. Цело скопје вмровски град ечеше таа вечер пред Белиот дворец.

Ете го денеска резултатот:

Наместо модерен граѓаните добија заглавен град во хаос. Наместо нови автобуси и тие што ги има не возат. Наместо модерен јавен превоз нема ниту превоз.

Заради рацете во медот и кавгите на Мицкоски и Арсовска, плаќаат граѓаните на Скопје.

Сета одговорност за хаосот што му се случува на Скопје е кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Сите одговорни за блокадата во градот се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

Од ​ градоначалничката која беше поддржувана и промовирана од Мицкоски па се до претседателот и мнозинството во советот, директорите и членовите на управните одбори.

ВМРО-ДПМНЕ го заглави градот, како што 11 години ја држеше Македонија во заложништво.

Затоа, во Белиот дворец наместо да играат игри, наместо да измислуваат конструкции и да ја избегнуваат одговорноста, треба да седнат и да најдат решение за проблемот што токму тие го создадоа.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје да седне да работи и да го реши проблемот со јавниот превоз во Скопје.

Скопје не смее да страда поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски.

Последни вести