Соопштение за јавност
Пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска денеска при реплика во рамките на собраниската комисија за финансирање и буџет истакна дека не треба проектите да се дуплираат и преклопуваат.
Изгласавме закон за задолжување од 50 милиони евра насочени за финансирање, рехабилитација, модерницазија, проширување и изградба на инфраструктура за водоснабдување, за собирање и третман на отпадни води, како што се канализациони мрежи, за атмосферска канализација и итни мерки за заштита од поплави, посочи Лазаревска.
Пратеничката Лазаервска додаде дека овие средства им се достапни до градоначалниците, а тие нека бидат иновативни, нека бидат работливи, нека сработат проекти, нека аплицираат и секој што ќе аплицира со проект ќе си го најде своето место во овие 50 милиони евра, кои државата ги позајми, за да може на локланите единици да им помогне во развој на канализационата и водоводната инфраструктура.
Лазаревска истакна дека со поднесување амандмани за пречистителни станици и канализациони мрежи опозицијата сака да прикаже дека и се одбиваат амандмани, за канализациски мрежи и за пречистителна станица во Трпејца, на која во моментов веќе се работи, а се работи студија и за Љубљништа и Радожда.
Оваа власт предводена од СДСМ знае дека навистина на општините им е потребна помош и заради тоа на многу транспарентен начин, преку закон за задолжување има јавен отворен повик. Сега на потег се градоначалниците, ако ги бива ќе извлечат се што им е потребно за да ги направат и водоводите и прочистителните станици, но и канализационите мрежи, истакна пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска.