fbpx

Лукаревска во Бутел: СДСМ продолжува со грижа за граѓаните и државата, имаме развоен Буџет за 2023 година

Facebook
Twitter
LinkedIn

Со нашите социјалдемократски економски политики следната, 2023 година очекуваме позитивен економски раст а еден од инструментите за реализација на оваа цел е и Буџетот кој е развоен и е одговор на последиците од кризата, порача вечерва од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во општина Бутел, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

– 250 милиони евра во Буџетот за 2023 година се предвидени за нови мерки за помош на граѓаните, обезбедени се и средства за нов раст на пензиите кој треба да се случи во март и кој ќе изнесува нови шест отсто. Околу 800 милиони евра се предвидени за капитални проекти за побрз локален развој и економски раст. СДСМ продолжува да се грижи за сите и затоа наредната година останува субвенцијата за струјата за граѓаните и компаниите. Конечно во 2023 година да ја победиме кризата и да зачекориме повторно на патеките на економски раст и развој, порача Лукаревска.

Заменик претседателката Лукаревска порача дека покрај справувањето со последиците од кризата, СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи, ја обезбедува европската иднина со почетокот на преговорите за членство во ЕУ, нешто што државата го чекаше цели 17 години.

-После 17 години направивме исчекор и започнавме преговори за членство во ЕУ, скрингот веќе тече. Сега е исклучително важно да го заокружиме процесот до крај, да ги направиме потребните чекори и заедно да обезбедиме полноправно членство во Унијата. Да ја обезбедиме иднината на младите и да обезбедиме подобар живот, рече Лукаревска.

Претседателот на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски оцени дека Град Скопје цела година е во стагнација што се должи единствено на неспособноста и неработењето на градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Град Скопје е блокиран град кој тоне во безидејност и бесперспективност. Наместо решенија и проекти гледаме само кавги за тендери и неработење. Одговорноста за целиот хаос што му се случува на Градот е кај ВМРО-ДПМНЕ, кај шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и кај нивната градоначалничка Арсовска. Тие го создадоа хаосот и тие треба да најдат решение за него, порача Кичевски.

Пратеничката во Собранието Санела Шкријељ порача дека започна исплатата на финансиската помош кон граѓаните, како дел од вториот пакет мерки што го реализира Владата предводена од СДСМ.

– Се грижиме за најранливите. Во време на криза помошта за нив е многу важна затоа што им е неопхофна. Пензионерите со пензии до 14.000 денари, лицата со попреченост, самохраните родители, лицата кои примаат гарантирана минимална помош, како и лицата кои примаат надомест поради невработеност во следните четири месеци ќе добиваат финансиска помош од државата, а исплатата веќе започна и таа ќе се одвива навремено и непречена, порача Шкријељ.

Последни вести