fbpx

Најпозитивниот извештај од ЕК, освен признание за реформите, значи и мотив за уште поголеми вложувања во европската иднина на земјава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Најпозитивниот извештај за напредокот од Европската комисија и безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ е едно големо признание за досегашните заложби на Владата предводена од СДСМ , поддржани од граѓаните на нашата татковина.

Од „заробена држава“ за само 2 години со процесот на реформи Северна Македонија е „светол пример“ за целиот регион.

Во Извештајот е констатиран напредок во реформите во повеќе сектори.

Како што е нотирано во Извештајот, постигнат е добар напредок во реформата на разузнавачките служби, реформата на системот за следење на комуникациите, во соработка со НАТО и другите партнери.

Сега имаме модел и законската рамка за формирање на новата Агенција за национална безбедност.

Добар напредок е забележан и во спроведувањето на „Итните реформски приоритети” и препораките на Венецијанската комисија и Високата експертска група за системски прашања за владеењето на правото.

Ова се само дел од успесите во реформскиот процес што се нотирани во Извештајот од Европската комисија. Освен признание за сработеното значат и мотив плус за уште поангажирано да се вложиме во реализација на процесот на интеграција во ЕУ, во интерес на сите граѓани и европската иднина на земјата.

Скопје, 01.06.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести