fbpx

За само една година општина Ѓорче Петров направи многу повеќе за спортот отколку ВМРО-ДПМНЕ за 12 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

12 години спортот во општина Ѓорче Петров беше заборавен. Резултатот од лошото работење на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот градоначалник доведе до тоа фудбалскиот клуб Македонија ЃП да се натпреварува во втората лига, до комплетно згаснување на женскиот ракометен клуб Кометал ЃП, и уништување на кошарката и останатите спортови.

Срамно е сега ВМРО-ДПМНЕ да зборува дека не се вложува во развојот на спортот кој е во очигледен подем.

Само минатата година општина Ѓорче Петров одвои 9,8 милиони денари на спортски клубови и индивидуални спортисти.

Денеска советот едногласно донесе одлука гласно поддржана и од советниците на ДПМНЕ да се одвојат 2, 9 милиони денари за финасирање на ФК „Македонија Ѓорче Петров 1932“; ФК „Волково 1964“-с.Волково, Скопје; РК „Македонија Ѓорче Петров“-Скопје; РК „Ангели Вардар“-Волково, Скопје; на Здружение Oдбојкарски Клуб „Ѓорче Петров – Волеј“-Скопје; на Боксерски клуб „Десет Шеесет“ Скопје; како и да се доделат финансиски средства на Мото Клуб „Вардар“;

За жал за советниците на ВМРО-ДПМНЕ тоа колку ,,неуспешна” спортска политика води оваа локалана власт предводена од Александар Наумоски говори и фактот што фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров кој е синоним за спорт во општината за само една година успеа да се врати во првата лига, играше Куп финале во државното првенство но и обезбеди пласман во Лигатана Европа.

За прв пат формиран е женски одбојкарски клуб кој се натпреварува во кадетска кетегорија на територија на Град Скопје и во првата година го освои првото место. Ја вративме и машката кошарка,каратето, боксот, го заживеавме и ракометот.

Интензивно работиме на спортската инфраструктура. Започнува изграба на спортска сала во ООУ ,,Јоаким Крчовски “ во Волково, затворен базен во ООУ ,,Димитар Поп Георгиев Беровски” во Ѓорче Петров, започната е и постапка за комплетирање на техничка документација за изградба на спортска сала во ООУ ,,Димитар Поп Георгиев Беровски” во населбата Хром.

И покрај сите лаги и невистини на ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваме подеднакво посветено, домаќински и со уште поголем интензитет да работиме во интерес на граѓаните.

 

 

 

Последни вести