Соопштение за јавност
СДСМ како одговорна и државотворна партија секогаш ги слуша потребите и гласот на народот, подготвена да се менува суштински, се со цел подобро да им служи на граѓаните и државата.
Демонстрираната одговорност и преземените промени се доказ за определбата на СДСМ да го забрза напредокот на земјата, да обезбеди подобри услови за живот и повисок животен стандард.
Од друга страна, одговорноста и потребите на граѓаните се непознати категории за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ денеска се полоши од кога било. Покрај безидејноста, ВМРО-ДПМНЕ е целосно посветена на лажни вести, измислици и деструкција. Нивната единствена политичка агенда е одбрана на криминалот и враќање на режимот.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не нудат ништо за граѓаните, ништо што е во интерес на државата и немаат ниту една идеја за промена, за излез од деструктивната матрица на груевизмот во која се влезени.
Скопје, 28.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА