Изјава за медиуми
Татијана Лалчевска, пратеничка на СДСМ
Скопје, 27.05.2019
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат унапредување и развој на системот за детска и социјална заштита.
Посветено се работи на јакнење на капацитетите на детските градинки. За таа цел буџетот за изградба, адаптација и опремување на градинки за 2019 година е зголемен за 300 отсто.
Покрај тоа, обезбедени се и 15 милиони долари од Светска банка кои ќе се инвестираат во изградба на нови објекти и воопшто во секторот за детска заштита.
Крајната цел, е на овој начин во следните 4 години да се постигне опфат на децата во предучилишно образование до 50 проценти и полека да се доближуваме до европскиот просек.
Истовремено, континуирано се вложува во условите за работа на кадарот во детските градинки.
Зголемувањето на платите на воспитувачките, како и зголемувањето на вработувњата на неопределено време, обезбедуваат сигурност и подобри услови за работа во градинките.
Со социјалната реформа, пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати повеќе деца. Конкретно, детскиот додаток наместо досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, додека, пристап до образовниот додаток ќе остваруваат 64.316 деца наместо 3.800 деца како досега.
Аплицирањето за овие мерки започнува веќе во среда.
Со тоа, директно влијаеме на намалување на детската сиромаштија.
Почитувани,
Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација мерките од на социјалната реформа која има за цел трајно да излекува од сиромаштија и да ја унапреди грижата за децата.
Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните и да ги следиме нивните потреби.