fbpx

Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за одземање на мандатот на бегалецот Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми
Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Скопје, 29.05.2019

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Ги повикуваме сите пратеници, особено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат за одземање на мандатот на бегалецот Никола Груевски.

Законот почитувани граѓани, мора да важи подеднакво за сите без исклучок.

Јавноста, граѓаните, ги следат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ја испочитуваат сопствената одлука донесена вчера на Извршниот Комитет.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да си ја врамат вчерашната одлука на Извршниот Комитет затоа што тоа им е единствена нивна одлука која е во согласност со уставот и законите.

 

За жал, мора да констатираме дека Мицкоски повторно нема храброст јавно да соопшти одлука и личен став за Никола Груевски бидејќи токму тој е неговиот ментор. Токму Груевски од Будимпешта го контролира Христијан Мицковски.

Исто како што тоа го правеше Никола Груевски и Мицкоски сака и префрла одговорност на неговите пратеници кога му е тешко, тој лично, да соопшти негов став.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека нема да смеат да се појават пред граѓаните доколку повторно го заштитат нивниот почесен претседател.

 

 

 

 

Последни вести