fbpx

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најслаби градоначалници досега

Facebook
Twitter
LinkedIn

Неспособност, хаос и партизација, тоа е заедничко за речиси сите општини предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај Скопје каде што владее вистински хаос, по само една година власт, катастрофална е состојбата и во други општини предводени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Прилеп. Штип, Велес, Охрид, Радовиш, Виница се само дел од општините каде комуналните давачки се сериозно зголемени.

Но истовремено, овие, но и други општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ трошат милиони денари во сред криза за привремени вработувања и партизација на општините.

Општина Гевгелија е задолжена за 50 милиони денари, а долгот на општина Радовиш е зголемен за нови 800.000 евра.

Тоа е се што знаат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, да ги задолжуваат и партизираат општините, да удираат по џебот на граѓаните.

За една година никаде нема нов капитален проект, нема решенија, но затоа има масовна партизација и стагнација на општините.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најслаби градоначалници досега, а локалната и градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната досега.

Последни вести