fbpx

Ковачевски: По изборите во 2024 година ќе имаме про европска Влада предводена од СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски

интегрален текст:

Jaс сум човек кој се држи до своите ставови, јас не менувам ставови секој ден како што прават други политичари. Избори ќе има во 2024 година. Прво претседателски, па потоа парламентарни избори.

Самата анкета ви покажува дека граѓаните се определени за европска иднина за државата, бидејќи доколку се погледнат внимателнo процентите на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои се за блокирање на тој процес, тогаш пак се гледа разлика и можете уште сега да го видите резултатот дека во 2024 ќе имаме претседател на држава којшто е за зачленување на Северна Македонија во ЕУ, а таков можеме да предложиме само ние СДСМ нормално со коалиционите партнери и дека ќе имаме Влада во 2024 година која што исто така ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ .

Последни вести