fbpx

Јанчева: Коалицијата ВМРО, Арсовска и Данела мисли на тендери, СДСМ е на страна на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ откако го излгасаа Буџетот за 2023 година очекувано беше да и изгласаат и програмите, вклучително и субвенциите, но тие тоа не го сторија, со што интересот на граѓаните го ставија во втор план, порача за Теливизија Сител советничката на СДСМ во Град Скопје Љубица Јанчева.

Јанчева ја објасни потребата од итност и одржувањето на вонредна седница.

„Потреба од итност има затоа што вече од први јануари следуваат одредени тековни обврски кои се поврзани со одлуката за субвенционирање, односно се поврзани реализација на Буџетот, кој беше изгласан од ВМРО-ДПМНЕ. Ако ним јавниот интерес им беше пред се, а не партискиот интерес и интересот за тендери советниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја излагаа субвенцијата уште на тековната седница и немаше да има потреба од вонредна седница.“ порача Јанчева.

Јанчева посочи дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната вонредна седница е неодговорно и дека има прекршување на процедурата.

„Побаравме поединечно гласање и тоа не ни беше овозможено. Гласањето е прекинато со гласањето само за ЗА, што значи дека гласањето не е затворено. Одлуката од гласањето ќе биде конечна и претседателот на Советот ќе заклучи дека одлуката е донесена, кога ќе се затвори гласањето“ истакна Јанчева.

Последни вести