fbpx

Поразените Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да не бараат алиби и да кажат зошто Сиљановска поднела само еден финансиски извештај

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Гордана Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ беа убедливо поразени на претседателските избори, а Христијан Мицкоски и неговите кандидати загубија на локалните избори кои минаа во фер, демократски и европски амбиент, за што потврда се извештаите на сите релевантни домашни и меѓународни набљудувачи.

Наместо да бара алиби за поразот преку неосновани пријави, ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори зошто нивата кандидатка Гордана Сиљановска Давкова, наместо два како што е пропишано со Закон, поднела само еден периодичен извештај пред денот на изборите во првиот круг, што е констатирано и од наодите и заклучоците на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Освен што е поднесен само еден финансиски извештај на Гордана Сиљановска, истиот е поднесен на несоодветен образец и не дава реална слика за трошоците.

Мицкоски, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ должат објаснување за ова.

Наместо да бара оправдувања, ВМРО-ДПМНЕ да прифати дека граѓаните кажаа НЕ на нивниот деструктивен концепт кој води кон изолација и враќање во темното минато и нивните погубни политики.

Поразените Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска причините за загубените претседателски и локални избори да ги побараат кај себе.

 

Скопје, 09.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести