fbpx

Прислушувањето на илјадници граѓани одело преку УБК, а краен корисник бил Груевски, одговорност мора да има

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарски прашања, Зоран Заев, претседател на СДСМ

 

П: Како го толкувате одбивањето на поранешниот директор на УБК да ви постави прашање после толку време, а вие долго време говоревте дека тој, Груевски стои зад масовното прислушкување?

Затоа што верувам дека и на господинот Мијалков и министерката Јанкуловска и на Никола Груевски којшто се јавува од некаде далеку затоа што е во бегство, но и на сите граѓани на нашата земја па дури и на малонолетни деца им е јасно како бел ден кој тоа прислушкувал, кој е одговорен за незаконското прислушкување и дека сите само очекуваат да се изрече и казната, И тука нема дилеми затоа што тоа е докажано не само со мојот исказ, не само со исказите на сите што сведочеле, веројатно и вештачењата тоа го докажуваат. Впрочем и во другите процеси никој не ја ни спори автентичноста на разговорите, апсолутно е се јасно, нешто што во одреден период беше актуелно, кој тоа прислушкувал, како тоа се случувало, во период кога јас поминував низ едни драматични моменти, охрабрувајќи се тоа да го споделам со јавноста.

Еве, дочекав, жив и здрав сум и сите вие со мене за денес да биде повеќе од јасно кој тоа масовно ги кршел основните човекови права и слободи во Република Северна Македонија, тогаш Република Македонија. Според мене апсолутна јасна е веригата, конзумент конечно бил Никола Груевски заради тоа што го видов ккао штои сведочев денеска од анализите и синтезите којшто се правеле за негова конзумација, но секако и одговорниот министер за внатрешни работи и директорот на УБК, како и двајцата луѓе коишто избегаа, господинот Грујовски и Никола Бошковски и другите за коишто постојат докази дека правеле незаконско дејствие, а со тоа ги нарушиле човековите права во Република Северна Македонија.

П: Говоревте дека во тоа време Никола Груевски имал некаква контрола врз Обвинителството коешто го водеше Марко Зврлевски, во контекст на случајот Пуч, којшто беше отворен меѓудругото и за прислушкуваните материјали, може ли да се очекува некаква одговорност за обвинителите коишто постапувале по овој условно речено монтиран случај?

Еве уште еднаш да ги потсетам, ако немале допрен глас до сега, еве нека допре мојот глас. Во тоа време наместо Јавното обвинителство да истражува вакво незаконско прислушкување, вакво масовно кршење на човекови права во нашата земја, тоа Јавно обвинителство се ставило во функција на политиката, дури не на извршната власт, туку на политиката пред се, секако на политиката којашто ја водела извршната власт под раководтсво на Никола Груевски и го формираше случајот „Пуч“ за да може мене, Верушевски, неговата сопруга, Палифров, Лазаревски, Ѕвонко Костовски, а веројатно трагаа и по планините и по децата на семејството Верушевски и така натаму, конструираа една монструозност којшто не е добро никогаш да не се заборави во нашата земја. Но треба некој тоа да го истражи зошто така постапувал во тој период.

Ние бевме тука, одевме во Обвинителството, ги дававме нашите искази, ги приложувавме доказите и како тогаш обвинети лица и како претседател на СДСМ којшто ги поседувал тие матријали и на било кој друг начин барајќи ја очекуваната правда и заштита за секој оној што се охрабрил да спречи одредено масовно кршење на човековите права. Верувам дека ќе се зафати некој обвинител, да влезе да истражи вакви случаеви, тоа е добро за кариерата на секој обвинител ако обезбеди докази, ние сите сме тука живи и здрави тоа можеме да го потврдиме, службите којшто работат во аналитика, огромен број којшто биле на терен тоа може да го потврдат веќе има многу докази тоа да се потврди, и еве добар момент за добар правник во функција на обвинител да се зафати со истрага токму на ова.

П: Господине Заев, не го споменавте Мијалков ниту еднаш во судницата го посочивте УБК, но не го посочивте како шеф на тогашното УБК. Дали можеби се амнестира Мијалков со ова и вие како Верушевски го префрлате прстот директно кон Никола Груевски, како налогодавач на прислушкувањето?

Јас со Верушевски сум во дневна комуникација тој е советник за национална безбедност во мојот кабинет, апсолутно кажувајќи кој е конзумент се подразбира. И денеска, еве и вака наративно потврдувам Сашо Мијалков и тоа како е виновен како директор на УБК, УБК тоа го правела. Но, лошотијата, злобата, доаѓа од тој кој што го конзумирал тоа. Чесен политичар го спречува тоа, ако увиди го пријавува тоа, а не да го конзумира, па да ги слуша новинарите па и опонентот, па и кога разговараат со своите деца, па кога имаат и домашни и семејни проблеми, па и невладините организации, па и верски заедници, па и бизнисмени па и се, и тоа како во веригата на одговорноста како што законот утврдува, според мене го прекршиле законот и тука дилема нема.

 

П: Господине Заев како ја правевте селекцијата на албански јазик, рековте дека не го разбирате јазикот, а сте ги давале дел од разговорите за што сте оцениле дека треба на висок член на СДСМ, како ја правевте селекцијата кога не го разбирате јазикот

Кога ќе го фатите Али Ахмети како зборува со Никола Груевски и тој зборува на македонски и веднаш гледате да го направите случајот соодветно на другите разговори во тој период, тие случаи се само на албански и тие случаи ги извадивме кои беа јасно информативно податливи, односно се случуваат дивоградби во Чаир, близу до американската амбасада, го дознавате тоа и се што е во тој период како разговор го давате да се преведе во ваше присуство во канцеларијата на СДСМ. Потоа се селектира, се преведува и апсолутно со тоа се објавува целиот случај. Таму каде што немало комуникација веројатно со некој кој што зборува неалбански јазик, не било возможно да се селектира било каков случај, односно ниту јас имав можност и капацитет. Сепак ќе ве потсетам, тогаш Никола Груевски велеше на Заев му се црвени очите оти слушалките ги става на очите наместо на ушите. Точно моите очи беа црвени заради тоа што не спиев цели вечери, за да комплетирам материјали, за да ги селектирам и во таков еден амбиент да го преведеме и во делот на албанските политичари сме го објавиле

П: Претпоставувам сте го слушнале сведочењето на Верушевски, имате ли чувство дека го поштедува Мијалков?

Апсолутно не, заради тоа што не може никој да поштеди никого, јасен е случајот како бел ден. Суштината на тоа што господинот Верушевски го зборува, е апсолутно нешто што денеска и јас го кажувам.Ако Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски велат ние ги дававме на професорот Верушевски тие и толку требале да знаат. Во тој момент тие ги давале во СДСМ, претставено преку шефот за комисијата за безбедност, Верушевски, што значи дека фактички се давани правно и формално на СДСМ. Во делот на тоа што беше изречено и гледам јавноста, јавно коментираше и изразуваше негодување, резерви или слично, па дури и дел од вашите прашања се присутни, апсолутно се нема резерва ниту дилема дали некој треба да се заштити, тоа е истиот господин Верушевски и неговата сопруга беа во притвор, едно од неговите деца беше гонето по планините за да биде фатено и веројатно да биде притворено. Разговорите кога ги кажува своите коментари за модифицирани или променети се разговорите, секако зборува токму за тие разговори кои што денеска јас исто така ги кажав дека не нашле начин како да бидат во наш посед и никогаш не се случило да дојдат во СДСМ.

Има големи празнини, ќе ве потсетам и тогаш кога објавувавме, јасно нотиравме дека ние имавме само дел од разговорите, по моја претпоставка зборувам за една третина, гледајќи како тоа се доставуало, тоа што се случувало со другите две третини и тоа што тогашната власт прискушкувала, а успеале некои луѓе да донесат, тоа не значи дека две третини не се во посед кај одредени поединци, тогаш од власта, пред се, дека не се во посед на некои луѓе вработени, не е во посед на некои други луѓе кои што се надвор од СДСМ. Сакам да остане забележано затоа што СДСМ кога ги имаше во посед овие разговори го направи тоа професионално, без да допре во приватноста на никој, го направи сериозно, го затвори случајот и ги предаде на СЈО. Тоа е јасна дистинкција помеѓу се што се случува после тоа во врска со неовластеното преслушување на разговори.

П: Ова сведочење претпоставува ви го освежи сеќавањето на тие времиња и тоа кој бил Али Ахмети, дали сега му верувате на Ахмети, прашањето ми е во предизборен контекст со оглед на тоа дека Мицкоски кажа дека имал некоја комуникација со лица кои биле во ваше друштво вечерта по средбата со коалиционите партнери

Со господинот Али Ахмети, односно со ДУИ, имаме создадено коалиција врз основа на програма. Се додека ја почитуваме таа програма и вредностите од таа програма немам дилема да му верувам на господинот Али Ахмети, ќе бидеме од корист на граѓаните за кои постоиме и функционираме. Да ви напоменам уште еднаш вредностите на нашата коалиција беа преточени во програма, а тоа беа ваквите случаеви да го добијат својот крај. Владеењето на правото е главен постулат, севкупното гарантирање на човековите права, еднаквоста пред законите се преточени преку концептот едно општество за сите, напорите на Владата преку цела лепеза на мерки за да го подобриме економскиот стандард. Се додека опстојуваме во тој дел треба да продолжат соработките. Знаете како, дома можеме да се сакаме и да си веруваме, овде си веруваме додека служиме на граѓаните. Во првиот момент може да се разделиме или можеме да ја зајакнеме таа наша соработка, а секако на крајот на денот може да не сменат граѓаните ако не сме добри во тоа што го работиме. Јас верувам дека коалицијата што ги реши најголемите проблеми во државата, коалицијата која работи на економските перспективи на граѓаните, коалицијата што работи максимално па дури еве ретко транпарентно вака, да даде можност преку законите даде амбиент за спроведување на правото во државата има иднина, а секогаш кога ќе биде спротивно нема да има иднина.

П: За бомбите кои вие ги обелоденивте,за многу малку случаи има пресуда и речиси да нема ниту еден од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кој што одговара за она кое што го обвинувавте. Значи, дали сметате дека вие во овој ваш мандат сте ја донеле правдата со ДУИ заедно во коалиција?

Како што бавно ни треба време на економските резултати и вие сте сведоци и за правдата треба време, но не можам знаејќи го нашиот систем, нашата поставеност, како луѓе ,одговорноста што сите си ја носиме, пред се кога се работи за нас самите, зборувам за сите како луѓе,, можам да заклучам дека добро е и тоа што досега е постигнато. Осудени со правосилна пресуда е Митко Чавков и други носители на настаните од 27 Април, осудена е Гордана Јанкуловска со правосилна пресуда и се надевам ќе почне и издржувањето на казната,тогаш кога ќе одлучи судот, а секако ќе одлучи, јас очекувам да се издржат казните. Се надевам дека Никола Груевски кој исто така со пресуда е осуден кога тогаш ќе се врати дома и ќе ја одлежи својата казна. Осуден е и Сашо Мијалков со правосилна пресуда, знам дека се чека апелација, знам и дека и други политичари се осудени. Точно е дека од сите 17 предмети има политичари кои што се обвинети и се во првостепена инстанца, дел се во второстепена инстанца верувам дека сите овие процеси ќе завршат успешно.

Но ако ви е криво на вас, и мене ми е криво кога предмет се враќа повторно, заради поротник, судија, не знам што се случува. После две години, повторно се врати предметот од почеток јас чувствувам горчина и за тоа зборувам јавно.Тоа не е во ред и апсолутно треба да знаат граѓаните дека кога тогаш одговорност мора да се носи, можно е предмети да застарат ако се враќаат од почеток. Можат да си играат топло ладно и од одбраната и од осомничените луѓе односно обвинетите, народот наш очекува правда, очекува да бидат со конечни судски пресуди затворени сите овие случаеви, да не заборавиме зошто, затоа што секој треба да поднесе одговорност, туку и затоа што секоја судска пресуда која што ќе го констатира низ докази и аргументи вина ја испраќа пораката да не се повтори повеќе никогаш тоа што било кршење на закон, уништување на човекови слободи и права, газење на законите и уставот на државата.

П: Грчкиот провладин медиум Катимерини објави дека со то што Македонија не доби датум за почеток на предговори може да отпадне Договорот од Преспа, односно употребата на Северна Македонија за севкупна употреба

Јас би внимавал на употребата на зборовите мислам дека не кажа дека можно е да отпадне Договорот, туку на деловите кои се однесуваат на поглавјата дека ќе бидат забавени и не можат да се реализираат Имаме конкретни поглавја односно членови во Договорот којшто сега е закон каде имплементацијата на договорот е врзана со европските поглавја што требаше да ги отвори Северна Македонија со ЕУ. Тоа се однесува на личните документи на граѓаните, како пример и тоа е неслучајно ставено така заради тоа што на крајот ЕУ беше вградена во овој договор. Целиот договор се постигна како за пријатлетсвото помеѓу нашата земја и Грција, но се постигна и поради нашите евроатласнки перспективи и јас сметам дека тоа е уште една причина да се забрза процесот на отворање на поглавјата и преговорите на Северна Македонија со ЕУ за да можеме секако да низ таков еден амбиент и дадеме можност 100% да се реализира договорот од Преспа.

 

 

Последни вести