Кога ние изгласавме почеток на преговори со ЕУ, вие од ВМРО-ДПМНЕ не бевте тука во салата, не бевте туку ниту пред два дена, кога го ратификувавме Договор на Фронтеск, порача пратеник Ненад Коциќ.
Зборувајќи за националните интереси, Коциќ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е единствениот субјект што во овој период го попречува напредокот на државата.
„Јас сум горд наследник на партизани, како и многу мои колеги од СДСМ. А во чии редови седите вие, па зборувате за Ванчо Михајлов? Тепаниот од инцидентот во Охрид, тепаниот бил Македонец со бугарска самосвест, член на ВМРО-ДПМНЕ, тепачот бил Македонец со бугарско државјанство член на ВМРО-ДПМНЕ. Кога се отвораа клубовите во Охрид и Битола, половина членови на ВМРО-ДПМНЕ беа внатре во клубовите, а половина протестираа пред клубовите“ порача Коциќ.