fbpx

Пропаднаа сите црни сценарија на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВМРО-ДПМНЕ се уплашени затоа што сите нивни црни сценарија пропаднаа и не се остварија, порача пратеничката од СДСМ Даниела Николова во реплика на денешната собраниска седница.

„ВМРО-ДПМНЕ е во страв и очај, затоа што денес има струја има нафта. Затоа што двете стратешки определби членството во НАТО и во ЕУ се случуваат токму во време на владеење на СДСМ. Се плашите затоа што го потпишавме Фронтекс на македонски јазик, со што потврдиме дека македонскиот јазик е рамноправен со останатите јазици во ЕУ, ама вие не бевте тука во салата тоа да го потврдите. Се плашите затоа што платите и пензиите растат и ќе растат и понатаму затоа што имаме системски решенија. Исплашени сте затоа што знаете дека новото и поголемо парламентарно мнозинство овозможува посигурни услови за реформи и економски политики“ порача Николова.

Николова истакна дека пратениците и ВМРО-ДПМНЕ и Левица знаат само да создаваат хаос, да блокираат закони кои се во интерес на граѓаните, а преку лажниот патриотизам што го шират ја лажат и манипулираат јавноста.

Последни вести