fbpx

Сите пратеници имаат мандат од граѓаните, во 2014 година ВМРО ДПМНЕ немаше во Програма уставни измени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Сите пратеници во Собранието имаат мандат добиен од граѓаните да решваат и носат одлуки важни за граѓаните и државата, вклучително и за Уставот

Тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребуваат довербата од граѓаните и свесно и намерно ја блокираат и опструираат работата на Собранието е нивна одлука која граѓаните ќе ја ценат и соодветно казнат.

ВМРО-ДПМНЕ во 2014 немаше во својата Програма, но 2014 отвори расправа за измени во Уставот за да воведе зони на слободна трговија таканаречен „даночен рај“ на територија на државата.

ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година, во зенитот на својот режим на мала врата се обиде да го измени Уставот, а денеска кога предвидените уставни измени носат придобивки за граѓаните и го забрзуваат процесот на евроинтеграција се противи со неосновани приговори.

Аспурдни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој за што имал мандат и оваа партија предводена од Христијан Мицкоски одново се става на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

Последни вести