Соопштение за јавност
По одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ниту Христијан Мицкоски, ниту кој било од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да им се извини на граѓаните за неуспешниот обид криминалците да бидат аболицирани.
Напротив, ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе застана во одбрана на криминалците во своите редови.
Одлуката на судот во Стразбур е победа на правната држава, победа на правото и на аргументацијата на тимот од Владата.
Пропаднаа обидите и на Ѓорѓе Иванов и на подносителите на тужбата, криминалците од ВМРО-ДПМНЕ да бидат ослободени без воопшто да им се суди.
Одлуката на Европскиот суд е охрабрувачка и за македонското судство затоа што подносителите ги упатува да ги искористат сите правни лекови пред македонските судови.
Со ова се разбива уште една лажна конструкција на ВМРО-ДПМНЕ дека судството било под контрола на СДСМ.
За СДСМ градењето на силен, независен правосуден систем останува врвен приоритет.
ВМРО-ДПМНЕ останаа единствените кои го бранат криминалот и криминалците во државата.