Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Новинарско прашање: Колкава е вашата вмешаност или поврзаност со Боки 13 со невладината организација?
Во однос на второто прашање, практично и не е ништо непознато за ВМРО-ДПМНЕ да шири лажни вести преку нивните курири, така да ги наречам.
Отворено ќе ви кажам дека очигледно им сметаат моите дејствувања во однос на хуманитарните организации. Точно е дека пред три години сум бил назначен за почесен член во таа организација „Меѓународен сојуз – Скопје“ во која што членувале поранешниот амбасадор на ВеликаБританија, Господинот Чарлс Гарет, во која што членувала нашата кошаркарска легенда Владо Илиевски.
Очигледно е дека им смета и очигледно не разбираат затоа што во нивно време работеле исклучиво заради нивните интереси, несметајќи дека во државата имаме луѓе на кои што им е неопходна нашата пружена рака и тоа очекувам да го разберат.
Имаме институции, како што кажав повеќепати, кои што детално ќе го разгледаат случајот.
Но, за жал лажните вести продолжуваат. Очигледно е дека и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а и таквите портали се исплашени од вистината и од напредокот којшто го има во нашата држава.
Од друга страна би сакал отворено во јавноста на Христијан Мицкоски да му поставам две прашања на кои што сметам дека ако има грам доблест, треба веднаш да ги одговори.
Првото прашање, до него лично, дали со еден од осомничените во случајот, на кои што им е одредена мерка притвор, имал неколку средби, од кои едната средба била во позната скопска дискотека, а другите средби биле одржувани во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.
Второто прашање ми е, дали Христијан Мицкоски посегнал по крвавите пари на еден од обивинетите од случаите кои што ги отвори специјалното јавно обвинителство.
Ова се сериозни прашања, кои што можат сликата драстично да ја променат. Се надевам дека Христијан Мицкоски ќе ги одговори, одговорно и отворено, затоа што граѓаните заслужуваат одговори.
Во постапката која што е во тек нека се земат сите аспекти и детаљи предвид и во транспарентна постапка, доколку ние отворено говориме и повикуваме да се утврди одговорноста на секој еден кој што на било каков начин е вмешан.
Очекувам и ВМРО-ДПМНЕ исто така да ги повика институциите во име на системот кој што веќе функционира и е поставен во државата органите нека ги дадат конкретните одговори.