Соопштение за јавност
Транзициската министерка и профитерка Гордана Сиљановска и генералниот секретар на Груевски, Мицковски не се ниту нови, ниту свежи во политиката.
Мицкоски и Сиљановска се продолжена рака на Никола Груевски и затоа директно ги асоцираат граѓаните на 11 годишниот режим кој од нашата земја направи заробена држава.
Граѓаните не сакаат нов Иванов во ликот на Сиљановска.
Сиљановска и Мицкоски изгубија во првиот круг претседателски избори на кристално чисти и фер избори во европски амбиент, а сега им претстои уште поубедлив пораз во вториот круг.
Скопје, 01.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА