fbpx

Со СДСМ растат платите и пензиите, се грижиме за народот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Со СДСМ континуирано растат платите и пензиите.

Минималната плата од овој месец повторно се зголемува на 20.175 денари, односно за над 2.000 денари од досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари.

Од пред неколку години година кога минималната плата изнесуваше 8.800 денари, а во текстилната и кожарската индустрија само 6.000 денари, таа континуирано расте.

Согласно методологијата за усогласување на пензиите, овој месец 330.000 пензионери ќе добијат рекордно покачување на пензиите од 8,4 отсто.

СДСМ низ дијалог со сите засегнати страни воспостави системски решенија и методологија за континуирано усогласување на минималната плата и на пензиите со растот на просечната плата и на трошоците за живот.

Со овие системски решенија минималната плата и пензиите ќе растат без оглед на политичката волја на која било влада, без уцени и притисоци.

СДСМ посветено продолжува со мерки и политики за заштита и унапредување на стандардот, со вистинска грижа за народот.

Последни вести