fbpx

Битиќи: Минималната плата сега е над 20.000 денари, а пред само неколку години беше едвај 8.000 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во денешното гостување во Студио 10 на Телевизија 24 порача дека за само неколку години минималната плата од околу 8.000 денари, е зголемена на над 20.000 денари и тоа преку решение донесено во соработка со сите засегнати страни.

„Во ниту еден случај, без разлика кои и економски параметри ли случувања да ги земеме, не може 8.000 денари да бидат повеќе од 21.000 денари.​ Само за потсетување во 2017 беа потребни четири минимални плати за да се наполни една просечна потрошувачка кошница, а сега се потребни 2,5 минимални плати, стигнавме и до две просечни, до инфлацијата малку го забави тој процес“ порача Битиќи.

Во однос на замрзнување и намалување на цените на основните прехранбени продукти, потпретседателот Битиќи истакна дека за Владата предводена од СДСМ заштитата на стандардот на граѓаните е на прво место.

„Денеска официјално стапува на сила одуката и веќе има знаци на намалување на цените. Сметам дека сите веќе сфативме, излезот од криза е со заеднички напор. Колку побрзо реагираат стопанствениците, побрз ќе биде ефектот. На терен имаме доста екипи кои гледаат дали тоа се случува. Дури и да има некои исклучоци во одредени маркети, за ден два би се регулирало. Животниот стандард на граѓаните не смееме да го нарушиме, но и нема да нанесуваме штета врз никого, ќе ги помагаме сите што работат нерентабилно“ порача Битиќи.

Одговарајќи на прашање поврзано со изброите, Битиќи порача дека тоа прашање е расчистено, дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година.

„Расчистено е, нема да има предвремени избори. Сите треба да се однесуваме разумно и да оставивме да работат сите, да не ги држиме граѓаните во неизвесност. Избори ќе има во 2024 прво претседателски па парламентарни, до тогаш сите да засукаме ракави да работиме за да сработиме за граѓаните. Имаме многу работи да сработиме како што е билатералниот скрининг па креирање на тимовите, но и многу проекти во енергетиката, во транспортот и економијата за да се подобри квалитетот на живот на сите граѓани“ порача Битиќи.

Последни вести