Уставните измени мора да се донесат што поскоро во македонското собрание за да продолжи европскиот пат на државата.
Во периодот што следи главниот фокус треба да биде на уставните измени за внесување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот.
Ова е сериозен процес, за кој сите чинители во државата треба да го дадат својот придонес, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, се работи за стратешки интерес на државата.
Се повеќе пратеници и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да дадат поддршка, тие знаат дека нема ништо лошо во уставните измени и тие се за да се продолжи патот кон ЕУ.
Во ВМРО-ДПМНЕ има сериозна група која е за Европската унија и која не мисли како Христијан Мицкоски.
Мицкоски останува класичен антиЕУ политичар, кој досега не поддржа ниту една одлука за зачленување на државата во Европската унија.