fbpx

Пендаровски: На 5 мај имаме историска шанса да изградиме држава во која ќе владее правото

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател
Скопје, 02.05.2019

Почитувани,

Во последните 10 години бевме сведоци на неправедно и криминално владеење на партија која го држеше нашиот народ во страв, а нашата иднина во неизвесност. Сегашниот претседател сето тоа го премолче и ќе остане запомнет во историјата како безгласна буква, човек кој ја поддржа партијата наместо да ги заштити своите граѓани.

На 5 мај имаме шанса која не смееме да ја испуштиме. Шанса да спречиме враќање кон темното минато, поделбите, омразата, криминалот и масовната корупција. Ова е историска можност да изградиме држава во која ќе владее правото, еднаквоста и солидарноста, општество кое ќе се темели на човечност и еднакви права за сите.

Како ваш претседател гласно ќе зборувам против секоја власт која ги загрозува интересите на граѓаните, без разлика на која политичка партија или коалиција и припаѓа. Како ваш претседател посветено ќе работам на заштита на правата и интересите на сите граѓани и ќе ги поддржам сите иницијативи кои се во нивна корист. Секоја неправда ќе биде моја грижа, силно ќе ги осудувам сите постапки кои ја рушат демократијата и правната држава.

Веднаш по 5 мај ќе ги потпишам сите закони кои Иванов ги кочи, а ги овозможуваат основните права за голем дел наши граѓани. Време е оваа држава да добие вистински претседател, заштитник на граѓаните, кој ќе зборува за вистинско право и правдина. Секој глас за Силјановска е глас за уште еден Иванов и враќање назад кон темното минато. Затоа, да продолжиме одлучно напред. На 5 мај да го заокружиме бројот 3 и заедно да ја запечатиме нашата иднина – светла и правична.

Последни вести