fbpx

Заев: Државна одговорност е изборите да бидат успешни, убеден сум дека Пендаровски е идниот претседател на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања,

Зоран Заев, претседател на СДСМ 

Струмица, 27.04.2019

 

П1: Дали претседателот на СДСМ, ќе поднесе одговорност при евентуален неуспех на 5-ти?

– Прво верувам дека ќе успеат изборите, тоа e државна одговорност за мене, се надевам и на опозицијата, се надевам и на сите граѓани. Изборите треба да бидат, и мора да бидат успешни за да продолжиме напред. Нашата земја е на вистински пат, и по тој пат чекориме, тоа го чувствуваме веќе дома, за тоа зборува целиот свет, и тоа е патот од којшто враќање назад нема. Како претседател на најголемата политичка партија во државата, застанавме зад независен кандидат, за кој веруваме дека ќе биде идниот претседател на Република Северна Македонија, јас верувам во тоа, но секако тоа е само моја желба, посветеност и мои очекувања за иднината на државата. Но, одлуката ја носат граѓаните. Секако, ако граѓаните одлучат поинаку, јас веќереков и јавно ќе повторам, ќе проектираме датум за предвремени парламентарни избори.

П2: Дали  лично вие како премиер, сте задоволни од изречената пресуда или постигнатата пресуда за „крвавиот четврток” од 27-ми април, лично вие како премиер?

– За мене е многу важно, дури и низ ваквите тешки процеси, да го изнајдеме начинот како да се помириме, да си подадеме рака. Малку сме, една шака народ ни е Македонија, малку народ, и верувам дека  и простувањето еве и пред овие големи празници уште еднаш да го споменеме, заради тоа што нема крај ако еден на друг само лошо мислиме, лошо правиме, но секако тоа се случи преку едно разграничување на насилството и организацијата на немилиот настан на 27-ми април, со сето она што било стихија, водено или граѓански аспект на влегување во Парламентот. После тоа разграничување паднаа и судските пресуди. За мене како граѓанин е важно правниот систем да ја исполни својата мисија, а тоа е да не се повтори никогаш повеќе. Казните според мене се соодветни за да не се повтори повеќе. Да не му падне на памет на никој друг во државата да повтори вакви настани, коишто сите се трудиме да ги заборавиме. 

П3: Дали имате разговарано во скоро време со опозицијата и дали има приближување на ставовите околу СЈО, како тоа ќе функционира или се уште нема никакви приближувања во таа насока?

– Јас знам дека Министерството за правда и министерката за правда се гледа со луѓето од ВМРОДПМНЕ и нивниот главен преговарач. Знам дека има одредени поместувања, се уште ги чекаме написмено заради тоа што ги гледаме само преку изјавите и сакам да ги потврдам дека една од најсуштинските различности мислам дека се надминува ако и тоа правно формално го утврдиме дека е така. Се работи за иднината на предметите коишто не се пред суд, а тоа се истрагите, предистражните постапки и другите постапки, тоа што е утврдено во Законот верувам дека тоа ќе биде на крајот така и потврдено, а меѓусебно и преку дијалог постигнато. Јавниот обвинител со уште двајца јавни обвинители со стаж поголем од 15 години да направат прераспоредување на тие предмети кај тие соодветни обвинителства и соодветни обвинители од самите тие обвинителства, а самите обвинители да утврдат која е иднината на самите предмети. Што значи, нема ние политичарите да утврдиме што е иднината на предметите, нема во Закон тоа да го направиме заради тоа што тогаш испаѓа дека политиката ја утврдува ваквата иднина. Треба правниот систем, обвинителите, да ја добијат таа шанса и тие да утврдат што тоа точно ќе биде преточено во обвинение, каде тоа судовите ќе продолжат постапките, со конечни пресуди или слично, тоа е работа на правниот систем на државата.

П4: Но вие немате разговарано со на пример лидерот на опозицијата или членови за овие несогласувања што ги има. 

– Не, ние не. Заради тоа што последната средба беше јавно објавена, соопштивме дека се видовме и двете страни и тогаш ги дадовме ваквите насоки, една од најсуштествените проблематики беше токму таа, гледам дека на основа на работата на двете комисии има придвижување, така и јас и господинот Мицкоски испративме порака кон приближување на ставовите.

П5: Премиере, разговаравте ли со вашите сопартијци и функционери за веќе донесените одлуки од Антикорупциска?

– Овие денови да ви кажам искрено и не, имав прилика да коментирам во јавноста заради тоа што не учествувам на штабот поради моите дневни активности и попладне кога сум по целата наша земја, а наутро сум во Владата, и секако мислам дека повикот е доволен. Секој треба да постапи согласно својата свест, Законот забранува сега за време на избори преземање на одредени дејствија на именување, вработување, разрешувања, отпуштања од работа и слично, тоа е забрането, но верувам дека ќе имаме и тоа како многу време да разговараме веднаш по изборите.

Последни вести