fbpx

Кирацовски: Денес одлучуваме во која насока ќе се движи нашата земја, очекувам одговорност од сите учесници да имаме мирен изборен ден

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,

Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб

Скопје, 21.04.2019

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Го искористив своето гласачко право и гласав за избор на претседател, гласачкото право и гласањето е еден демократски чин којшто истовремено е и чесно и одговорно затоа што сите заедно одлучуваме во која насока ќе се движи нашата држава.

Мирна, позитивна и демократска атмосфера којашто беше обележје на целата изборна кампањата, гледам дека продолжи и денеска на избирачките места ширум државата.

Граѓаните своето гласачко право го искористија слободно, на достоинствен и демократски начин.

Институциите со сите свои капацитети одговорија на предизвикот изборите да минат во најдобар ред, како што впрочем и прилега на држава идна членка на НАТО и ЕУ.

Очекувам одговорност од сите учесници во оваа изборна кампања токму денес на изборниот ден да направиме се, сите заедно истиот да помине во една мирна, демократска и позитивна атмосфера до самиот крај.

Последни вести