Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на СДСМ и премиер,
21.04.2019, Скопје
Како одговорен граѓанин на нашата земја, излегов и гласав.
Секој ваков ден на гласање е убав, и важен, кога граѓаните на најдиректен начин, на демократски начин, носат важни одлуки за својата земја.
Гласањето е чест, право, и граѓанска должност.
Денеска очекувам сите наши граѓани да изберат Претседател на Република Северна Македонија.
Од сите нас се очекува сериозна одговорност доколку постигнеме две работи. Избереме успешо претседател на државата и секако избереме претседател којшто ќе не води напред.
Сериозна зрелост ќе покажеме сите ако демонстрираме демократичност во нашиот избор, ако изборите бидат успешни, ако го држиме единството во нашата земја, и силно чекориме напред кон современиот свет, кадешто припаѓа нашата земја, Република Северна Македонија.