Соопштение за јавност
Рамо до рамо со граѓаните е теренска активност СДСМ која што е во насока на презентирање на се она што е направено во текот на изминатите години од кога СДСМ ја има честа и одговорноста да управува со македонската влада. Но истовремено и да слушнеме што е она што е потребно да се направи во иднина и да биде дел од нашата следна програма,порача во интервју за Дневникот на Сител Телевизија, претседателот Димитар Ковачевски.
Зборувајќи за резултатот од сработеното на Владата предводена од СДСМ Ковачевски ги понцираше реализираните мерки, проекти и политики за поддршка на животниот стандард на граѓаните, како и антикризните мерки за соочување со глобалната економска и енергетска криза.
-Што се однесува до животниот стандард вие самите знаете дека ние на многу транспарентен начин заедно со стопанските комори, заедно со сите релевантни институции направивме огромен број на мерки кој што се однесуваат за заштита на животниот стандард. 760 милиони евра антикризни мерки што според Светската банка се најголемиот пакет антикризни мерки споредено со сите земји во регионот. Доделивме еднократна помош финансиска во текот на зимските месеци за најранливите граѓани, ја зголемивме минималната плата, пензиите, просечната плата. Сето тоа влијаеше на одржување на животниот стандард. Секако предностите во делот на намалувањето и на замрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти коишто беа направени преку детални анализи на овие производи. И нормално преку ставање во погон на сите инспекциски служби кои што тоа треба да го следат. Гледате дека сите тие мерки дават резултат бидејќи 4 месеци по ред инфлацијата во државата се намалува, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.