Соопштение за јавност
Тимови на СДСМ како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска беа во општините од Југозападниот регион.
Во општина Охрид беа претседателката на Форумот на жени, Јована Тренчевска и Марко Ѓорѓиевски.
– Грижата за сите категории граѓани, е врвен приоритет за СДСМ. Во време на криза ги помогнавме најранливите, реализиравме сетови мерки вредно 760 милиони евра. Минималната плата ја зголемивме на 20.175 денари, а пензиите пораснаа за 16 отсто за само една и пол година. Преку Гаранцијата за млади и Оперативниот план за вработување за 2023 година создаваме можност за нови врабоптувања, преквалификации или платени пракси за младите лица. Тоа е нашиот влог во граѓаните и така ќе продолжиме, порача Тренчевска.
Во Струга, Методија Димовски и претеничката Жаклина Лазаревска порачаа дека со релизацијата на делниците од коридорот 8, граѓаните од оваа општинаќе добијат поквалитетни услови за живот и работа, подобра поврзаност, посигурни патишта, што позитивно ќе влијае врз локалниот економски развој.