fbpx

Пендаровски во Радовиш: Да продолжиме заедно, да го заокружиме бројот 3 за европска иднина за сите нас

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, денеска учествуваше на граѓанска трибина во Радовиш, каде со граѓаните разговараше на повеќе актуелни теми меѓу кои и претстојните претседателски избори.

– Вратите сега ни се отворени. Ако минатата беше година на евроинтеграциите, оваа и наредните се години на економија и подобрување на стандардот. Доста се бавевме со историјата, немаме време за чекање, затоа знаете дека на 21 април и на 5 мај треба сте заедно да го заокружиме бројот 3. Претходната власт и фамилијата, не уназади и опљачка. 2016 година не почнавме од нула, туку од минус рече Пендаровски.

Пендаровски подвлече дека тој и концепотот што тој го застапува пред себе имаат една единствена цел, а тоа е како да се живее подобро, како да се направи младите да не заминуваат надвор од државата. Последната година и пол направени се тешки компромиси, но, посочи Пендаровски, беа нужни, за нашата држава да тргне кон Европа и развиениот свет.

– За НАТО е веќе речиси завршена работата и нема веќе дилеми дали ќе ја биде нашата земја. Имаме гаранција за безбедноста, суверенитетот и интегритетот. Со почетокот на преговорите со ЕУ се отвораат бројни можности за младите да продолжат да работат и живеат тука, порача Пендаровски.

Последни вести