Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски вчера учествуваше на граѓанска трибина во Пробиштип каде со граѓаните зборуваше за спроведените реформи на Владата предводена од СДСМ, успешните евроинтеграциски процеси и важноста на претстојните претседателски избори.
Спасовски се осврна на евроинтеграциите и помирувањето со соседите како концепти кои овозможија државата да се движи по вистински пат.
– Ги реализираме заложбите на сите граѓани од осамостојувањето, нашата држава да биде дел од најмоќните сојузи ЕУ и НАТО. Успешните евроинтеграциски процеси и помирувањето со соседите обезбедија поддршка и мотив да продолжиме напред. Нашите соседи од држави со кои бевме во конфликт сега се наши промотори и поддршка. Го вративме кредибилитетот на државата ширум светот. Чекориме напред кон европска иднина, подобар животен стандард за сите – порача Спасовски.
Потпретседателот Спасовски ја потенцираше и важноста на претстојните претседателски избори.
– Опозицијата нема став, нема концепт нуди изолација и враќање во темното минато, но граѓаните нема да го дозволат тоа. Граѓаните се цврсто определни да продолжат напред кон стабилност, сигурност и економски напредок и затоа, Стево и неговиот концепт се единствениот избор со кој државата може да продолжи напред. На овие избори да продолжиме заедно напред кон вистинскиот пат, повика Спасовски.