Соопштение за јавност
Обврска на секоја политичка партија е остварување на стратешките цели на државата и на секој пратеник, сметам дека цело ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи европскиот пат, тој недостаток на лидерство, на одлучност, на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ да не биде пречка, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во Само интервју на Канал 5 телевизија.
-Сметам дека цело ВМРО-ДПМНЕ треба да го подржи европскиот пат на државата. Го гледаме политичкиот спектар, секогаш најгласни за европските интеграции на државите кои што влегле во ЕУ биле десните демохристијански партии. Само кај нас не. Не знам дали тоа е заради идеолошкото заложништво на ВМРО-ДПМНЕ под Левица, бидејќи Левица е против НАТО, против ЕУ тие се евроазиски унија прават со Кина. Тоа заложништво, тој недостаток на лидерство, на одлучност, на лидерството на ВМРО зависи и лидерството на Левица ги насочи да се борат во крајот на десен спектар. Затоа велам дека обврска на секој пратеник е да обезбеди европска иднина на земјата, за да живеат не во земја на ЕУ ама дома, а не да живеат на земја на ЕУ ама во туѓина. Верувам во остварување на целта, но работам таа цел да се оствари, и сепак тоа зависи од одлуката на сите пратеници во Собранието, и тие му должат на граѓаните, не може овој процес да биде заложник на политичката кариера на еден човек, рече Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ и премиер.