fbpx

Скопје е пред банкрот, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да одговори каде се парите?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ по само една и пол година успеа да го доведе Град Скопје пред банкрот.

Секогаш кога оваа партија ќе дојде до власт и до парите на граѓаните, на Скопје му се случува катастрофа.

Во јавноста веќе има информации дека Град Скопје е со блокирана сметка, иако при доаѓањето на власт, ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска наследија полна каса, со плус 13 милиони евра на сметка, со годишен буџет од над 100 милиони евра.

Потрошија 100 милиони евра, а не изградија ништо, не реализираа ниту еден еден проект, не ги довршија ниту започнатите проекти.

Граѓаните очекуваат одговори од Арсовска и од ВМРО-ДПМНЕ, каде се парите, каде завршија толку народни пари, дали тоа има врска со рацете во медот, со расипничко трошење на парите на народот?

Затоа Светничката група на СДСМ и коалицијата ќе побара свикување на итна седница на Советот на Град Скопје со единствена точка на дневен ред расправа за актуелната финансиска состојба во Градот.

Последни вести